Честитка од премиерот Заев за приемот на Црна Гора во НАТО
Премиерот Зоран Заев испрати честитка до неговиот црногорски колега Душко Марковиќ за приемот на Црна Гора во НАТО.
- Во име на граѓаните и на Владата на Република Македонија им честитам на граѓаните и на Владата на Република Црна Гора за огромниот исчекор кон демократскиот свет, преку интеграцијата на вашата држава како 29. полноправна членка на НАТО Алијансата. Примерот што го дава Црна Гора е порака дека ако има политичка волја и граѓанска свест за важноста на потребните реформски процеси, тогаш нивното исполнување се реализира со потребната динамика и тоа ги отвора перспективите и за луѓето и за државата, се вели во честитката од Заев.
Овој сигнал на отворени врати на НАТО, се додава, е силна мотивација за новата Влада на Република Македонија што ја предводам, да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото и вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според НАТО стандардите, во најкус можен рок да ја обезбеди атлантската иднина и на Република Македонија.
- НАТО е пред се сојуз на демократии и граѓаните на Македонија, како и граѓаните на Црна Гора и на целиот регион, имаат потреба да бидат дел од цивилизираниот свет што носи стабилност и безбедност како во нашите држави, така и во светот, се нагласува во честитката од премиерот Заев по повод приемот на Црна Гора во НАТО.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка