Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, по повод големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам.
- На овој голем ден за сите припадници на исламската верска заедница би сакал да упатам искрена желба за среќни и благословени празнични денови минати во добро здравје со најблиските. Нека празникот донесе мир, спокој и бериќет. Искрено верувам дека и понатаму ќе продолжиме заеднички да го зајакнуваме и надградуваме принципот на соживот, толеранција и пријателство кој е карактеристичен за нашето општество. Вербата во Бога и во неговата порака до луѓето да ја преточиме во дела кои ќе значат зајакнување на меѓучовечките односи и добрата волја кои се темелот на кој се гради иднината на една држава. Тоа е единствениот пат кој води до посилна Република Македонија во која секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции. Вредности кои уверен сум дека ги споделуваме и на чие остварување и во иднина ќе продолжиме да работиме, се вели во честитката од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
