Честитка од премиерот Димитриев по повод христијански празник Успение на Пресвета Богородица
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска премиерот Емил Димитриев упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и до сите православни верници, лично и од име на Владата на Република Македонија.
Денес, во духот на нашата вековна традиција и обичаи, стои во честитката, нашиот народ го одбележува големиот празник Успение на Пресвета Богородица, посетувајќи ги храмовите посветени на Пресвета Богородица и молејќи се на Мајката Божја за здравје, мир, спокој, љубов и благодет во семејствата и во државата.
- Славејќи го денешниот празник, сите ние ја славиме големината и значајноста на Дева Марија и нејзиниот пример за богоугоден живот, за потребната човечка скромност, за љубовта кон Бога и ближните и смирение пред Божјата Волја. Тоа се примерите кон кои треба да се придржуваме и тоа се одликите на православието што секој верник го упатуваат кон милоста Божја, се вели во честитката упатена од Димитриев.
Чествувајќи го денешниот празник, во овие динамични времиња полни со предизвици и искушенија, се подвлекува, да се помолиме на Мајката Божја, за здравје, меѓусебна љубов, толеранција, почитување и разбирање во нашите семејства, во нашата земја и во светот.
- Нека Пресвета Богородица го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ! Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица! , стои во честитката упатена од премиерот Димитриев по повод христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти