Македонија
1. August 2015 - 18:06

Честитка од министерот Јолевски за празникот „Илинден“

По повод големиот државен празник „Илинден“ министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

- „2 Август“ е празник со кој треба сите граѓани на Македонија да се гордеат. Непокорот и одлучноста да се создаде независна држава е споменот кој сите ние го носиме кон оние кои ги дадоа своите животи за својата земја. Токму затоа наша цел и обврска, денес, уживајки ги сите права и слободи во независна и суверена Република Македонија, е да придонесеме кон уште попросперитетна и поразвиена држава, наведува Јолевски во честитката.