Честитка од Мицкоски по повод Божик
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Раѓањето Христово - Божик до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан, свештенството и монаштвото и до сите православни верници.
- Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сила и да ги надвладееме искушенијата и суетите, зошто Божик е празник на мирот, празник на слогата и единството. Да се победат предрасудите, да бидеме човечни и хумани, праведни и солидарни, а заемното помагање и почитување треба да биде наша водилка, наш белег и заедничка заложба, се наведува во честитката.
Единството, разбирањето и почитта треба да се дел од секоја наша одлука, пососчува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека нашата држава треба „да оди напред и да не заглавува во лавиринтот на одмаздата и реваншизмот, работи кои не враќаат назад, создаваат немир и поделби“.
- Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои наптревар во правење на добри дела за граѓаните. Бог нека биде со нас во секој момент во животот, при секоја среќа, радост, тага или болка. Нека Бог биде со Македонија, за заеднички да напредуваме и да се радуваме. Нека е честит и вековит големиот христијански празник – Божик, се наведува во честитката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја упати до верниците и поглаварот на МПЦ - ОА.
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста