Честитка од Иванов по повод Велигден

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија.
- Денот на Воскресението Христово - Велигден е најголемиот христијански празник. Овој светол ден е темелот на нашата вера. Се вели дека преку Христос, Бог се стави на наше место. Благодарение на Божјата саможртва на крстот, Божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек независно од разликите што со себе ги носи, наша должност е да се однесуваме кон секој човек во согласност со неотуѓивото човечко достоинство, се вели во честитката.
Како што големото помирување меѓу Бог и човештвото е основа за надежта во победата на животот над смртта, се посочува во честитката, така и помирувањето во македонското општество треба да биде обновување на посветеноста кон нашата заедничка иднина.
- И со таква увереност да ја градиме нашата единствена заедничка татковина Република Македонија. Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој. Христос Восресна! Навистина Воскресна!, стои во честитката од Иванов.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
