Честитка од Иванов по повод Божик
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
- Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божик. Празнувајќи го Божик ние се потсетуваме на еден од најзначајните моменти во историјата – денот кога Синот Божји поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Поистоветувајќи се со нас, Христос ни овозможи и ние да се поистоветиме со Неговите заповеди – да имаме љубов кон Бога и солидарност кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана. Рождеството Христово – Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството треба да не поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството. Со таа мисла, упатувам искрени желби за мир, љубов и заедништво, бидејќи само така ќе успееме да изградиме просперитетна иднина и подобар живот за сите граѓани во Република Македонија, се наведува во честитката од претседателот Иванов до верниците.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
