Честитка од Груевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, премиерот Никола Груевски им го честита празникот на сите верници од православна вероисповест и испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г Стефан.
- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот и на сите православни верници, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и да ја изразам мојата желба за многу среќа, радост и мир во душите на сите христијански верници, стои во честитката.
Празнувањето на овој ден, како што се наведува, е славење на светлината на Дева Марија, која преку својот безгрешен, достоинствен и богоугоден живот е благословена со раѓањето на нашиот спасител Исус Христос.
- Чистината на нејзината душа ја прави оваа жена достојна за најголемиот христијански чин, а со тоа и вечен пример за сите нас кои со восхит и почит гледаат на нејзиното дело. Добрината и искреноста, чесноста, грижливоста и чистината на душата се принципите и патоказот по кој и мајката божја, и целото христијанство не учи и упатува, оттука е и големината на денешниот празник и неговото значење, се вели во честитката.
Посветеноста на мајчинството и љубовта кои, како што се наведува, се белег на нејзиниот земен живот секогаш ќе не потсетуваат на бесценетоста на семејството.
- Поддршката и потпората добиени од домот даваат сила да се издржат најголемите предизвици и искушенија. Затоа на овој ден посебно, но и на секој друг, да се потсетиме на значењето на семејството како суштински елемент за одгледување и животен развој на децата кои се богатството и иднината на секоја земја. Во духот на христијанството да ја пренесеме добрината со која сме благословени, на знајните и на незнајните луѓе со кои во секојдневието ни се вкрстуваат патиштата. Правејќи добри дела, создаваме трајни вредности и секој на тој начин придонесува со свој личен пример за иднината на нашата земја, нејзината изградба и развој, стои во честитката од премиерот Груевски.
Ново на Сител
-
Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар
-
Финансова полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за фалсификување деловни книги
-
Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата во 2024 година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците
-
Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот
-
Три лица искасани од кучиња скитници
-
43-годишен маж пронајден починат во гостиварско
-
Избувна пожар во најголемата фабрика за батерии во светот
-
34-годишник со стаклени шишиња претепал познаник во кафана во Зајас