Честитка од Џафери по повод Велигден
Престeдателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честика по повод големиот христијански празник, Велигден.
- Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Велигден е празник на семејството и ближните, на сите верници им посакувам топлина во домот, лична среќа и љубов до своите ближни и до секој човек. Апелирам заеднички да побараме разбирање, почит и човекољубие меѓу сите нас кои живееме во Република Македонија, без разлика на верската или етничката припадност, се вели во честитката.
Водени од оваа верба, се посочува, треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија, почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и начелата за мир и заедништво.
- Соживотот и религиското почитување се традиционални вредности меѓу сите граѓани, а наша должност е тие вредности да ги зачуваме и надградуваме. Честит Велигден и за многу години!, стои во честитката од Џафери.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот