Честитка од Џафери по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици и им посака празникот да го дочекаат и поминат во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина.
– Ова се времиња на предизвици од најразлична природа, економска, здравствена, политичка. Како луѓе, како граѓани, како активни чинители во општеството, сите ние имаме одговорност да го дадеме најдоброто од себе, да го вложиме максимумот денес, затоа што тоа ќе биде од значајна полза утре, и за нас, меѓутоа најважно од сè, за нашите млади кои се иднината на земјата и идните граѓани на светот. Да веруваме и да се надеваме дека секоја препрека, секоја тешкотија, ќе ја надминеме брзо и со леснотија, исто како што тече и водата која е симбол на овој празник. Нека чистите намери, солидарноста, човечноста, взаемната почит и разбирањето бидат темелот врз кој ќе градиме еднакво, правично, напредно и пред сè, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата, стои во честитката од Џафери по повод празникот Водици.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
