Честитка од Димитриев до христијанските верници кои прославуваат Велигден
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот
- Дозволете ми во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански празник - Велигден.
Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот.
Да го прославиме заедно овој голем христијански ден, да ги успокоиме душите со верба во Бога кој го осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата, традицијата и човековиот соживот.
Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање! Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна, стои во честитката од Емил Димитриев.
Ново на Сител
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето