Честа појава на кучиња на автопатот го загрозуваат животот на возачите
Невообичаена видео снимка успеал да направи граѓанин која е поставена на социјалните мрежи а ја отсликува честата појава возила да удираат на животни по автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Снимени се двајца моторџии кои застанале на автопатот кај Групчин како и усмртено куче а неколку секунди подоцна 57 годишна жена со автомобил удира во друго куче кое потоа станува и продолжува да оди. Жената не е повредена, а пријавила материјална штета од 10-тина илјади денари.
Најновиот случај укажува од редовната ваква опасност на оваа автопатска делницa. Минатата недела близу Гостивар загина 38 годишна жена откако автомобилот на нејзинито сопруг удре во коњи.
-Најчеста причина за ваквите несреќи е немањето заштитна жичена ограда долж автопатот која на повеќе места или воопшто ја нема или е нефункционална што им овозможува на животните неперчено да влегуваат и да се движат по коловозот односно да бидат потенцијална опасност за возачите, изјави Марјан Јосифовски портпарол на СВР Тетово
Годишно се случуваат по стотина слични сообраќајки автопатот и другите патишта.
Неколку здруженија за заштита на животни побараа од надлежните преземање мерки со цел да се намали ризикот од појава на животни на патиштата со што би се намалиле сообраќајките и патниците би биле побезбедни.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
