Фудбал
5. October 2016 - 11:26

Чешмеџиев повикан во репрезентацијата до 21 година

Константин Чешмеџиев, дефанзивниот играч од средниот ред дополнително е повикан во  репрезентацијата на Македонија до 21 година за квалификацискиот натпревар против Шкотска.
 
20-годишниот фудбалер на Македонија ЃП е повикан на местото на Алекса Амановиќ кој поради повреда не е во можност да се бори за место во репрезентативниот тим.
 
Чешмеџиев денеска ќе се приклучи на тренинзите на селекцијата предводена од Благоја Милевски.
 
Македонија на 11 октомври на Национална арена „Филип Втори“ ја пречекува Шкотска во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2017 година.