Чешкиот Парламент не го усвои Законот за ограничување на пушењето во угостителски објекти
Чешките пратеници денеска не го донесоа т.н. Закон против пушењето, јави дописникот на МИА од Прага.
Законските норми, кои ќе ја ограничеа и продажбата на алкохол, беа поддржани само од 80 од вкупно 175 присутни пратеници во чешкиот Парламент и за нивно усвојување недостасуваа осум гласови.
Овој резултат донесе проблеми и во владината коалиција со оглед на тоа што дел од пратениците на партијата АНО, која е дел од Владата, гласаа против Законот за регулација на пушењето во рестораните.
Законот предвидувашр одредување специјални места „пушални“, кој би опфаќале најмногу една четвртина од ресторанот и би биле без келнери кои послужуваат.
Претходно, Предлог-законот од Министерството за здравство предвидуваше целосна забрана за пушење во угостителските објекти, но подоцна пратениците со амандмани ја „намалија“ строгоста.
- Илузорно е да се мисли дека чадот навистина ќе застане во некакви затворени простории, тоа се покажа и во други европски земји. Исто така се заканува можноста рестораните да се претворат во „пушални“ и на тој начин ќе се избегнува Законот, вели пратеник од владејачката коалиција.
За министерот за здравство Сватоплук Њемечек нема ништо лошо во тоа пушачите да се изолираат во посебни простории, наместо да пушат пред влезовите на кафеаните.
Чешкиот претседател Милош Земан, кој е познат по својата љубов кон цигарите, изјави дека е среќен поради недонесувањето на Законот за забрана.
- Погледнете како слатко се насмеав, полн со радост дека Законот не помина, бидејќи би бил во конфликт на интереси, со оглед на тоа што иако страстен пушач не би можел да ставам вето, рече Земан.
Во моментов, сопствениците на рестораните, кафулињата и баровите сами одлучуваат дали ќе дозволат пушење на цигари во нивните локали и тоа најчесто го пишуваат на влезовите на објектите.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи