Чешки научници открија антиматерии против вирусите зика и енцефалитис

Научниците од Биолошкиот центар на чешката Академија на науките и Центарот за експерименти на Ветеринарниот институт открија група на материи со висока активност против вирусниот енцефалитис и вирусот зика.
Како што информираше портпаролката на Биолошкиот центар Даниела Прохаскова, тимот на научници во соработка со Институтот за органска хемија се обидува откриените молекули да ги обликува до форма на лекови, јави дописникот на МИА од Прага.
- Супстанциите директно го блокираат размножувањето на вирусот во клетката-домаќин, изјави шефот на лабораторијата Даниел Ружек, според кого се потребни неколку години за да се создаде лек, кој ќе биде достапен на пазарот.
Ружек додаде дека во овој момент многу е важно дека е познато каква група на материи влијае врз вирусот и која е неговата слаба страна врз кој може да се насочи вниманието.
Тимот на докторот две години работи на истражувањето на активни состојки против енцефалитис вирусот, кој е „близок роднина“ на зика вирусот.
Засега против зика вирусот, кој го пренесуваат комарците и кој првпат се појави во Бразил, а се претпоставува дека предизвикал оштетување на мозокот кај бебиња, нема вакцина, а од заболувањето може да се брани само со превенција.
Ново на Сител
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
