-->
-->
Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам“
-->
Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа 15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.
„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.ж
Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.
Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.
Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек