Чешката влада го поддржа намалувањето на старосната граница за кастрација
Чешката Влада денеска го усвои амандманот за намалување на старосната граница за кастрација на пациентите од 25 на 21 година, иако против тоа се изјасни народниот правобранител Ана Шабатова, јави дописникот на МИА од Прага.
Министерот за здравство Сватоплук Њемечек изјави дека кастрацијата ќе се врши по барање на пациентот и дека измената треба да обезбеди подобар надзор на луѓето кои се наоѓаат во институциите за лечење.
Предвидено е установите да пријавуваат, доколку пациентот не оди на контрола или на третмани, информираат од Министерството за здравство во соопштението за медиумите.
- На возраст од 21 година, со согласност на лицето кое има некаква девијација, која може да резултира со агресивно однесување, на негово барање може да се направи медицински третман, кој ќе го ослободи од инстинктот да и наштети на околината, објасни министерот Њемечек.
Според него, тоа е можност за подобра заштита на потенцијалните жртви.
Кастрацијата ќе може да се направи и кај пациентите, кои досега не направиле сексуално мотивирани кривични дела, но постојат сериозни причини да се верува дека тоа би го направиле во иднина.
Останати промени кои се предвидуваат во законските одредби се однесуваат и на промената на полот, која во иднина ќе може да се овозможи и кај пациенти кои се во притвор, затвор или во институции за лечење.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање