Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
Чешката алпска скијачка Тереза Нова, која тешко падна за време на тренингот пред спустот на Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен во јануари, е разбудена од индуцирана кома, објави денеска лекарскиот тим.
Дваесетиседумгодишната скијачка ќе биде транспортирана дома во Чешка, каде ќе продолжи со лекување.
При несреќата Нова со хеликоптер беше пренесена од патеката во клиника во Мурнау, Баварија, каде и беше констатирана тешка повреда на главата со крвавење, повреда на каротидна артерија и скршеница на очниот отвор.
Поради природата на повредите, таа беше ставена во индуцирана кома. По две недели, лекарите на одделот за интензивна нега почнаа со постепено будење со намалување на седативите.
„Кога отокот на мозокот се намали и крвавењето видливо се намали, пациентката беше доволно стабилна што можевме полека да ја разбудиме по консултација со нашите колеги неврохирурзи“, рече Маркус Грубер, главен лекар на одделот за интензивна нега во болницата Мурнау.
„Тереза сега е во стабилна состојба, што и овозможува безбеден транспорт до Чешка. Таму ќе биде подложена на серија дополнителни тестови и рехабилитација под надзор на специјалисти во локалната болница“, додаде Грубер.
Ново на Сител
-
Калас: Путин се потсмева на мировните напори за Украина
-
Донација на специјално возило работно АТВ за Општина Илинден
-
За викенд нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Целосно изгаснати пожарите во Општина Желино
-
Запленети котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, објективи за камери, цигари и маслиново масло
-
Судењето за нападот врз Арсовска продолжува – обвинетиот тврди дека е жртва
-
Министерство за енергетика: Над 100 предлози од јавноста за новиот Закон за рударство, ќе се прифатат конструктивните
-
Иран е подготвен да ги продолжи нуклеарните преговори, со добра волја од Западот