-->
-->
Чешка нема да ги задржува сириските бегалци кои побарале азил во Унгарија
-->

Република Чешка од денеска ќе престане во нејзините прифатни центри да ги задржува бегалците од Сирија, кои претходно поднеле барање за азил во Унгарија, информираше портпаролката на полицијата Катерина Рендлова.
Според сменетите правила, полициските службеници ќе ги сослушаат бегалците и ќе им понудат азил во Чешка.
Ако тие тоа не го прифатат ќе мораат до седум дена да ја напуштат земјата, по што нивното патување во Германија ќе биде побрзо.
Досега, бегалците Сиријци беа упатувани во прифатни центри каде што обично минуваа 42 дена.
Од сега, бегалците кои ќе бидат откриени на пример во воз, ќе бидат одведени во полиција, сослушани и ако не сакаат азил ќе можат да продолжат понатаму.
Според чешката полиција, постапката се менува заради тоа што Унгарија не сака да ги врати назад бегалците кои доаѓаат на чешката територија и така само им се оддолжува нивниот пат до Германија каде би добиле азил.
Новите правила се однесуваат и на Сиријците коивеќе се наоѓаат во чешките прифатни центри и ги испилнуваат условите за продолжување на патот.
Овие правила нема да важат за сириските бегалци кои нема да побараат азил во Унгарија и тие ќе бидат третирани како досега и ќе бидат сместувани во прифатилиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“