Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
Две жени се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија властите.
Чешката полиција соопшти дека утрово уапсила осомничен кој избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага.
Првично беше објавено дека двете жени се повредени, од кои едната тешко, но подоцна беше потврдено дека и двете починале. Засега нивниот идентитет не е откриен.
Полицијата го уапсила 16-годишниот осомничен на околу еден километар од местото на нападот, а во близина бил пронајден и ножот што најверојатно бил користен.
Чешкиот премиер Петр Фијала изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Она што денеска се случи во Храдец Кралове е апсолутно незамислив и ужасен чин“, напиша тој на платформата Икс.
Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема закана за јавноста. Засега не се објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен
-
Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
-
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
-
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50