-->
-->
Чешка ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцини против Ковид-19
-->

Чешка од 18 јули ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцина против Ковид-19, препорачувајќи ја за луѓе постари од 60 години и за оние во ризични групи, соопшти Министерството за здравство.
Бустер дозите ќе бидат достапни за сите постари од 18 години и ќе бидат доброволни, наведуваат здравствените власти. „Сакам сите кои се заинтересирани да имаат пристап до вакцинација“, рече чешкиот министер за здравство Властимил Валек.
Во понеделникот, властите забележаа повеќе од 2.000 случаи на инфекција за првпат од април, но бројот на хоспитализирани лица нема значително зголемување. Сепак, Валек рече дека се разработуваат планови за воведување рестриктивни мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
