Чешка испрати помош за Литванија поради се зголемениот прилив на мигранти од Белорусија
Чешка испрати помош во опрема и снабдување за Литванија поради зголемениот прилив на мигранти што ја загрозува границите на оваа балтичка земја со Белорусија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Прага.
Конвој со 20 шатори, 100 камперски кревети и 500 вреќи за спиење денеска треба да пристигнат во Литванија, соопшти министерството. Вредноста на хуманитарната пратка е 3,2 милиони чешки круни (околу 124.000 евра). Залихите ќе ги пренесе чешката противпожарна служба.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко уште еднаш и се закани на Европската унија дека е подготвен да им дозволи на мигрантите, кои бегаат од воените зони, слободно да минуваат низ Белорусија, како одмазда за санкциите на ЕУ против оваа изолирана источноевропска нација.
Литванија, која има речиси 680 километри долга граница со Белорусија, е сериозно погодена од големиот број мигранти, кои во последните неколку недели ги минуваат нејзините граници.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, истакна дека е неприфатливо миграцискиот проблем да се искористува како средство за притисок врз ЕУ и нејзините земји-членки.
Ново на Сител
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
