Чешка испраќa техничка помош во Македонија

Чешките пожарникари ќе испратат електрични генератори и пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија.
Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска, информираше портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка Никол Заоралова, јави дописникот на МИА од Прага.
Според Заоралова, Македонија побарала химанитарна помош со посредство на Европскиот систем за комуникација при кризни ситуации.
- Чешка, која има богато искуство при решавање на поплавени подрачја, на Македонија и понуди осум генератори и 47 пумпи за чистење на тиња и земјата ја прифати понудата, рече Заоралова.
Помошта, која ќе биде испратена со камион со приколка и едно командно возило, се очекува во Македонија да пристигне во сабота и ќе биде преземена од локалните власти во Скопје во присуство на чешкиот амбасадор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
