-->
-->
Чешка го зголеми капацитетот на центрите за бегалци
-->

Поради зголеменото присуство на нелегални имигранти во земјата, каде од почетокот на годината се задржани над 3.000 лица, чешката Влада донесе одлука да се зголемат капацитетите за нивно сместување, јави дописникот на МИА од Прага.
Во Чешка, бегалците се сместуваат во три видови на објекти, кои вклучуваат прием, сместување и интеграција, управани од Одделот за азил во Министерството за внатрешни работи.
Прифатните центри служат за сместување на новодојдените баратели на азил кои тука живеат додека не се завршат потребните основни процедури за влез во земјата. Потоа се сместуваат во центрите за престој каде чекаат одлуката за меѓународна заштита да стане правосилна. Во центрите за азил, апликантите добиваат џепарлак од кој плаќаат дел за сместувањето и храната.
Оние кои нема да успеат да добијат азил, се сместуваат во центрите за странци.
Условите за влез во Чешка се различни за граѓаните на земјите од шенгенскиот простор и од третите земји.
Во Чешка, последните шест години највеќе легални и илегални имигранти потекнуваат од Украина, иако со текот на годините се намалуваат Украинците, а се зголемува бројот на Сиријците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на претседателот на Собранието Гаши со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
-

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
-

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице
-

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел
-

МВР со важно известување: Во петок во Ѓорче ќе се уништуваат гранати
-

Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху
