Чешка безбедносна стратегија: Мораме да се подготвиме за евентуална војна
Чешката Влада вчера изгласа нова безбедносна стратегија, според која Русија се смета за директна закана, а Кина за системски предизвик.
Полска мора внимателно да се подготви за можноста да станат дел од вооружен конфликт, иако ризикот од напад врз земјата останува низок, се наведува во документот.
Чешка почна да ги разгледува односите со Русија и Кина кон крајот на 2021 година, со доаѓањето на актуелната Влада, откако претходната влада на поранешниот претседател Милош Земан одржуваше блиски контакти со двете земји.
По руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, Полска брзо го поддржа Киев со испраќање воена опрема, вклучително и тенкови.
– Русија намерно дејствува против чешката политичка, економска и социјална стабилност. Тоа претставува фундаментална закана за нашата безбедност, се наведува во стратегијата.
Во документот се потенцира дека Русија ги слабее демократските институции и го дестабилизира општеството преку хибридни акции.
– Доколку во Русија не се случат фундаментални и длабоки политички и општествени промени, Русија ќе остане закана за европскиот простор, без оглед на исходот од војната во Украина, се истакнува во стратегијата.
Додека Кина „го доведува во прашање меѓународниот поредок“, што има штетни последици за евроатлантската безбедност.
Односите со Кина се заладија кога не се остварија плановите за големи кинески инвестиции и кога чешките парламентарни лидери и актуелната Влада ги продлабочија врските со Тајван, иако двете земји немаат официјални дипломатски односи.
Прага исто така предупредува на употребата на кинеска технологија и критична инфраструктура.
– Постои опасност од кинески инвестиции во чешката и европската инфраструктура, доминација во стратешките синџири на снабдување, контрола на клучните стоки и развој на нови технологии, главно вештачката интелигенција, без оглед на етичките норми и меѓународните стандарди, се посочува во новата безбедносна стратегија.
Во претходната чешка безбедносна стратегија од 2015 година, Русија и Кина не се споменуваат по име.
– Заедничкиот интерес на Русија и Кина е да го ослабат влијанието и единството на демократските земји. Ова системско ривалство е долгорочно, се наведува во документот.
Ново на Сител
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами