Челси не сака да го задржи Санчо

Раководството на Челси би можело да го врати Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед ова лето и покрај обврзувачката откупна клаузула во договорот за позајмица потпишан минатото лето, пренесуваат англиските медиуми.
Поранешниот играч на Борусија Дортмунд оваа сезона е на позајмица на „Стемфорд Бриџ“, а следното лето „сините“ се очекува да платат меѓу 22 и 25 милиони фунти на „црвените ѓаволи“, во зависност од позицијата на Јунајтед.
Медиумите на Островот тврдат дека челниците на Челси се уште ја разгледуваат можноста да ја искористат клаузулата во договорот и да го вратат Санчо на „Олд Трафорд“, плаќајќи ја договорената казнена клаузула, чија висина не е позната.
Дополнителна компликација би можеле да бидат можните дискусии меѓу крилниот играч и Челси за личните услови, бидејќи двете страни се уште немаат договор, иако задолжителната клаузула е позната уште од летото.
Самиот играч одлично ја започна сезоната во Лондон на првите неколку натпревари, но неговата форма постепено опаѓаше и во последно време се почесто е на клупата за резерви.
Ново на Сител
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени
-

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај
-

Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
-

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд
-

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави
-

Денеска е Свети Стефан, заштитник на болните, старите, сиромашните
