-->
-->
Челинџ куп: Победа за Вардар Јуниор
-->
Ракометарките на Вардар Јуниор победија во првиот дуел против украинската екипа Карпати во четвртфиналето на ЕХФ Челинџ купот.
На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, вардаровите јуниорки забележаа победа со 22:19 полувреме 13:12.
Најефикасна во редовите на Вардар Јуниор беше Наташа Нолевска со осум гола, по три постигнаа Симона Стојановска и Маја Трпковска. Во редовите на Карпати најдобра беше Јаблонска со 13 одбрани.
Реванш натпреварот ќе се игра во Украина на 28 февруари (недела) со почеток од 16 часот.
Победникот од двомечот во полуфиналето ќе игра против екипата на Кастамону од Турција.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун