Македонија
3. April 2019 - 16:27

Чекор напред, два чекора назад во преговорите за статусот на СЈО

Еден чекор напред, два назад во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство. Министерката за правда Рената Дескоска вечера објави дека се приближиле ставовите на ВМРО- ДПМНЕ за автономен статус на специјалното јавно обвинителство, а остануваат разликите во делот на продолжување на постапките на СЈО и користењето на снимките како докази.  Лидерот на опозициската партија Мицкоски, денеска, пак обвини дека Дескоска не сака договор бидејки не е прифатен ниту еден од понудените амандмани и дека власта сака преку правото да реализира определени политички цели.

- Еве имаме амандмани на маса нека ги прифатат амандманите ако тоа  е навистина услов  за отпочнување преговори да одиме во Собрание и да го изгласаме новиот закон за јавното обвинителство. Но очигледно дека некој ниту има намера да се договори, ниту сака да се договори а ниту пак и покрај тоа што евентуално  би го изгласале тој закон за јавното обвинителство Македонија би добила датум за отпочнување на преговори. Така што долга е приказната, на кратко жената за жал нема менаџерски капацитети да води едни преговори  за жал, второ што можам да кажам преговараат за да не се договорат и трето  за жал на македонските граѓани  на македонската јавност и покрај сите понижувања и омаловажувања што ни се случија изминативе две години ние повторно нема да добиеме чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Најверојатно ќе има повторно некоја прослава  како минатата со понекој чочек на плоштадите во Македонија но ќе чекаме изгледа некоја друга прилика и некоја друга комисија, Мицковски.

Вицепремиерот за европски прашања пак, смета дека ствовите на владата за СЈО се идентично со оние на Брисел, но и дека има место за компромис со опозицијата.

Власта и опозицијата по вчерашната четврта рунда разговори излегоа со оценка за доста конструктивна средба и со оптимистички најави. Преговорите продолжуваат, но во сментет формат. Наместо работни средби на преговарачките тимови, власта и опозицијата ќе се сретнуваат на неформален начин.