-->
-->
Чех: Мурињо мрази нерешени резултати
-->
Еден од најдобрите голмани во последната деценија ипол, Петр Чех со задоволство зборува за клубовите за кои играл но и за тренерите со кои работел. За него посебен менталитет има Жозе Мурињо кој го нарекува победник бидејќи е тренер кој не размислува за резултатот туку само за победата.
Петр Чех кој сега е во Арсенал смета дека Арсенал треба да го смени менталитетот откако освои само три поени од три натпревари, а губејќи веќе два натпревари на стартот од Септември.
Арсен Венгер веќе не е посакуван од фановите кои секојдневно го искажуваат својот гнев кон менаџерот и посакуваат тој да замине, но тој на почетокот на летото стави потпис на нов двегодишен договор.
Петр Чех верува дека иако менталитетот на „Емирати“ од година во година се менува, сепак вели дека можат многу да научат од Мурињо и неовиот цврст менталитет.
„Кога МУрињо дојде во Челзи од Порто, тој со себе ја доведе најважната работа. Тој дојде од клуб каде што не беше прифатливо да се заврши втор на табелата“. – Чех изјави.
„Истиот тимски дух продолжи и во Челзи, тој размислуваше на победа и ништо друго“.
„Ги мразеше нерешените натпревари, ако се вратевме во соблекувалната со нерешен резултат тој не беше среќен“.
„Од друа страна пак не му беше важно дали ќе победите 1-0 или 5-0 победа беше победа за него и тој го ценеше тоа“.
„Во Арсенал имаат друга филозофија, сакаат да победат, но сакаат на добриот начин, а Мурињо не го интересираше тоа, но сметам дека работите во Арсенал ќе се променат и ќе тргнат на добро“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите