-->
-->
Чеченскиот лидер Кадиров вели дека Русија има за цел да го заземе Киев
-->
– Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови.
Во видео-пораката објавена рано изутринава преку платформата „Телеграм“ тој вели дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“)…а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови“.
„Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад“, вели Кадиров.
Неговата изјава доаѓа во мигови кога конфликтот во Украина се преместува на исток каде украинските сили се утврдени и добро подготвени за борба.
Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајжи на Луганск и Доњецк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер