Чавушоглу во Катар во обид за дипломатско решение на кризата
Турција која е еден од највлијателните сојузници на Катар, го испраќа денеска министерот за надворешни работи во Доха, а потоа и во Саудиска Арабија во дипломатски обид да се надмине кризата меѓу Катар и арапски држави.
Министерот Мевлут Чавушоглу ќе има средба со катарскиот колега шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, како и со емирот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, соопшти МНР на Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“.
Ердоган истакна дека методите, кои се употребуваат против таа заливска земја се неприфатливи.
Минатата недела Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин и уште неколку арапски и муслимански држави ги прекинаа односите со Катар обвинувајќи го за поддршка на исламски екстремисти и на Иран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог
-
Пукале петарди и палеле жижици: Тројца малолетници го предизвикале големиот пожар кај Расадник
-
Критично кај Мариово
-
Премиерот објавува намалени цени во дел од книжарниците, граѓаните се жалат дека нема намалување
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија
-
Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?
-
Прием за Денот на независноста