Чавушоглу: Турција ќе продолжи да прима бегалци
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција ќе продолжи да прима бегалци.
- Од 2005 до 2014 година бројот на бегалците во Турција се зголеми за шест пати. Турција не е во состојба да се справи со овој проблем сама, потребна е програма за раселување и контрола на миграцијата. Прифативме 2,5 милиони бегалци од Сирија и 200 илјади од Ирак, а во последните неколку дена во земјата ни пристигнаа уште 10 илјади Сиријци. Потрошивме 10 милијарди долари за прифаќање на бегалците и ќе продолжиме со политиката на отворени врати, изјави доцна синоќа Чавушоглу во Минхен.
Турскиот министер за надворешни работи учествува во Минхенската конференција за безбедносна политика.
Тој додаде дека за решавање на проблемите поврзани со илегалната миграција потребна е помош од НАТО и треба да се води борба со меѓународната криминална мрежа која врши илегална трговија со мигранти.
Ново на Сител
-
Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
-
Албанезе: Нетанјаху негира хуманитарна криза во Газа, ние ќе ја признаеме Палестина
-
ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина
-
Црна Гора побара помош од НАТО за гаснење на пожарот
-
Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија
-
Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
-
Сончево и многу топло, температура до 40 степени