-->
-->
Чавушоглу: Отстранети од должност четвртина од дипломатите
-->
Турското Министерство за надворешни работи отстрани од должност една четвртина од дипломатите, поради сомнение дека одржувале врски со групата одговорна за минатогодинешниот обид за преврат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
На состанокот во Министерството за надворешни работи, Чавушоглу истакна дека разрешувањата биле направени врз основа на сериозни докази. Тој дополни дека бројот на лица кои се враќаат на своите функции, покажува дека Министерството „не дозволило грешка“.
Според турските власти, т.н. ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација) на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД, е одговорна за обидот за преврат на 15 јули 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“