Балкан
20. April 2016 - 17:02

Чавушоглу: Има проблеми со обезбедување на средствата од ЕУ наменети за справување со миграциската криза

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Европската унија треба да биде попрагматична при доделувањето на ветените три милијарди евра, наменети да помогнат при справувањето со миграциската криза.

Тој додаде дека има проблеми со испорака на парите.

Зборувајќи на прес-конференција во Анкара, Чавушоглу исто така повика сириската опозиција да ги продолжи мировните преговори, кои се одржуваат во Женева.