Чавушоглу: Има членки на НАТО кои не сакаат да заврши војната во Украина
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека меѓу земјите од Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши војната во Украина. Тој не сакаше да прецизира за кои земји станува збор, но посочи дека „генералниот секретар на ОН добро го знае тоа“.
– Има држави на Западот кои сакаат војната да продолжи, вклучително и земји-членки на НАТО. Јас не мислам само на САД, мислам на земји-членки на НАТО, рече Чавушоглу, пренесува ТАСС.
Според шефот на турската дипломатија, имало земји кои сакале да го саботираат договорот за извоз на житарици од украинските пристаништа, но прецизираше дека не биле САД во прашање. „САД придонесоа за склучување на договорот за житарици, вклучително и укинување на ограничувањата за извоз на руско ѓубриво, деблокирање на пристаништата и укинување на ограничувањата за банкарското работење“, рече Чавушоглу.
Тој изјави дека имало и европски земји кои сакале да го саботираат договорот.
Ново на Сител
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година