Час и половина се чека на граничниот премин „Богородица“, а еден час на Дојран за влез во Грција
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина, додека на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу еден час, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Патот Берово - Делчево кај с.Смојмирово е затворен за сообраќај, поради обилни врнежи на дожд.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии