Чарли Шин потврди: Јас сум ХИВ позитивен
Овде сум да признам дека сум ХИВ позитивен. Морам да ги запрам овие напади, изјави американскиот актер Чарли Шин во денешното интервју за „Тудеј“,додавајќи дека оделните гласини кои се слушале минатите денови немаат врска со вистината.
Тој рече дека дијагнозата ја добил пред четири години.
- Почна со чести главоболки, големи мигрени и неконтролирано потење. Дури бев и хоспитализиран. Мислев дека имам тумор на мозокот, мислев дека е готово. Кога ги спроведоа тестовите ми кажаа за што се работи. Тие три букви е тешко да се прифатат. Тоа е пресвртница во животот, изјави Шин.
Новинарот побара појаснување за тоа како ја чувал оваа тајна четири години, со оглед на тоа што дознал дека луѓе кои ја знаеле тајната на Шин му барале пари за да не кажуваат.
- Да, им плаќав. Не толку многу, но сепак доволно. Не знам точно колку луѓе ми бараа пари, но вкупно дадов милиони. Она што луѓето забораваат е дека така земаат пари и од моите деца. Мислат дека тоа сум само јас, а имам пет деца и внука, рече американскиот актер.
Во писмото кое вчера Чарли го испрати до редакцијата на „Тудеј“ рече дека „бирал и ангажирал придружнички со сомнителен морал“. - Без оглед на нивната репутација секогаш користев кондоми и бев отворен за својата дијагноза. За жал тие ја продадоа мојата искреност, рече тој.
Чарли раскажа и дека многу проститутки кои ги ангажирал после сексот оделе во неговата бања и ги фотографирале лековите кои ги зема поради својата дијагноза а подоцна со нив го уценувале.
На почетокот на месецот radar.com објави гласини дека неименуван актер е ХИВ позитивен и дека тој имал сексуални односи со многу холивудски ѕвезди, водителки и други јавни личности. Се шпекулираше дека тој намерно ги заразувал со ХИВ вирус по што се појави своевидна паника во Холивуд, но актерот денеска ги демантираше таквите гласини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година