Свет
26. May 2023 - 8:51

„Чајна истерн ерлајнс“ со својот прв комерцијален лет со кинески авион „Ц-919“

„Чајна истерн ерлајнс“ (China Eastern Airlines), првиот купувач на кинескиот домашен млазен авион со потесен труп „Ц-919,“ ќе го пушти првиот комерцијален лет на леталото в недела, соопшти авиокомпанијата.

Авионот беше произведен од страна на Комерцијалната авијација на Кина. Летот со број „МУ-9191“, како што е предвидено, ќе трае 2,5 часа, од Меѓународниот аеродром во Шангај „Хонгкијао“ до слетувањето на Аеродромот во Пекинг.

Комерцијалната работа на „Ц-919“ означува пресвртница во надежите на Кина дека ќе го разбие долгогодишниот „дуопол“ „Ербас“ – „Боинг“ во светското производство на авиони.

Авионот со 164 седишта доаѓа со распоред на кабината во две класи, што се состои од деловни и економични седишта. А, иако е склопен во Кина, тој во голема мера се потпира на западни компоненти, како што е мотори и други делови.