Церар за Вашингтон пост: Потребно е поголемо влијание на САД на Балканот
Министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар, во разговор за „Вашингтон пост” оценува дека американската администрација треба повеќе да се ангажира во Југоисточна Европа, доколу не сака Русија и Кина да го зајакнат влијанието во тој дел од Европа.
„Ако преовладуваат руски или кинески интереси, би можеле да го загубиме регионот”, рече Церар во разговорот, додавајќи дека присуството и активноста на САД треба да бидат поголеми.
Шефот на словенечката дипломатија истакна дека во Средна и Источна Европа, вклучувајќи го и Балканот, е посебно изразен интересот на Пекинг за зајакнување на економските и политичките врски.
Иако Словенија има само два милиони жители, таа привлекува многу голем интерес за инвестициите од Кина, додека оние од САД се многу помалку видливи, рече словенечкиот министер, предупредувајќи дека зголемениот интерес на Москва и Пекинг во ситуацијата кога администрацијата на Трамп, поради својата агенда America First, е помалку ангажира во Европа, може да доведе до промени на геополитичките односи на дел од Стариот Континент, особено на Балканот.
Мислам дека би било многу добро кога нашите пријатели и сојузници во САД би биле присутни во таа област, изјави Церар во разговорот за влијателниот американски дневник, кој предупреди дека американската администрација предложила до Конгресот кратење на буџетската поддршка во странство, додека Москва и Пекинг тие средства ги зголемуваат и така го зголемуваат и своето влијание во светот.
Ново на Сител
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер