Церар: Словенија нема да може да издржи уште еден мигрантски бран
Словенечкиот премиер Миро Церар во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ изјави дека неговата земја нема да може да го издржи следното масовно доаѓање на мигранти и оти тоа би можело да доведе до затворање на границите што ќе предизвика штетни економнски последици во регионот, но и за ЕУ и шенген зоната.
- Ако повторно дојде до отворање на балканската рута тогаш и во средна Европа и Западен Балкан ќе дојде до конфликти бидејќи поради големиот број илегални мигранти сите држави една по друга ќе ги затвораат границите, посочи Церар.
Тој додаде дека при последниот мигрантски бран Словенија, иако мала земја, хумано дејствувала и ја контролирала ситуацијата. Церар потенцира дека Словенија „нема да може повторно да издржи такви големи напори“.
- ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници, додека поради мигрантите не би требало да се поставуваат контроли во Шенген зоната. До затворање на границите во тој случај би требало да дојде на надворешните граници на Шенгенот, но тоа не е идеја на државите од регионот. Затоа мора да преземеме се за да спречиме конфликти на Балканот и распад на Шенген зоната, истакна Церар.
Тој упати и критики кон Грција оценувајќи дека не презела доволно напори за заштита на надворешната граница на ЕУ.
- Ако проблемот на миграцијата не успееме да го решиме во ЕУ и заедно со државите од Западен Балкан, тогаш нема да имаме никаква заедничка иднина, истакна словенечкит премиер за „Ди Велт“.
Ново на Сител
-
Изгоре стан во Кисела Вода, повредени се двајца станари, пожарникар и полицаец
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона
-
Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито