Церар: Повеќе не постои балканската мигрантска рута
Балканската мигрантска рута повеќе не постои, објави утринава премиерот на Словенија, Миро Церар, по маратонскиот состанок на лидерите на земјите-членки на Европската унија со Турција посветен на бегалската криза што се одржа во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, и покрај тоа што во завршниот документ од средбата не се најде претходно подготвениот заклучок дека „се затвора западнобалканската мигрантска рута“, туку само дека е „завршен протокот на бегалци“, сепак словенечкиот премиер потврди дека од денеска сите земји на оваа рута, вклучително и Македонија, на официјалните гранични премини треба да пуштаат само лица со валидни документи за влез.
- Да, заклучокот е малку преформулиран, но смислата останува, а тоа е дека балканската рута за илегална миграција повеќе не постои. Тоа е јасна порака што овој неформален Самит ја испрати до илегалните мигранти и криумчарите, потенцираше Церар.
Според премиерот на Словенија, овој договор кој треба да се прецизира следните десет дена до Самитот на Европскиот совет, сите држави што се на рутата преку која илегално се одвива миграција кон централна Европа, во иднина не треба да примаат мигранти.
Во тој поглед, Церар потврди дека Словенија веќе од денеска во целост ќе ги применува шенгенските правила за влез во државата, односно дека во оваа поранешна југословенска република право на влез ќе имаат смао лица со потребни документи за влез во Шенген зоната.
Оваа порака на словенечкиот премиер, значи дека од денеска и Македонија треба во целост да ги затвори илегалните гранични премини на границата со Грција, додека на официјалните премини да дозволи влез само на лица со сите потребни документи - пасош и виза ако е потребна.
Според договорот на ЕУ со Турција, илегалните мигранти што се наоѓаат на грчка територија, вклучително и оние илјадници мигранти на македонската граница, Грците ќе треба да почнат да ги префрлаат назад до грчките острови од каде со помош на НАТО и Фронтекс тие лица ќе се враќаат во Турција.
Ново на Сител
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп