Централното претседателство на Алтернатива го овласти Гаши да почне разговори за влез во Владата
Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.
Централното претседателство, како што информира, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.
– Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта. Отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори, рече Муртезани.
Потоа, како што додаде, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.
– Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.
Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.
– Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
