Македонија
27. January 2017 - 16:45

Централно претседателство на ДУИ пред одлуката за коалиција?

Иако фунцкионерите на Демократската унија за интеграција кои попладнево пристигнаа во партиското седиште во Мала Речица не кажаа пред камерите што точно ќе сзборуваат се смета дека кулминираат внатрепартиските состаноци на кои се дискутира и треба да се донесат одлуки за можното составување на Владата. Попладневно во седиштото на партијата  дојдоа повеќемина членови на раководството за кои партискиот портпарол Бујар Османи потенцира дека се на поединечни консултации со претседателот Али Ахмети.  
 
Претходно ДУИ веќе соопшти дека нивниот претседател се сретнал со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со кои разговарале за спроведените избори и можностите за составување на нова Влада. Мандатот кој го доби претсетдалот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, истекува во недела на полноќ.