Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден
Централната Банка на Англија соопшти дека биткоинот може да стане безвреден и дека луѓето кои инвестираат во дигитална валута треба да бидат подготвени дека е можно да изгубат сè.
Во предупредувањето за потенцијалните ризици за инвеститорите, централната банка доведе во прашање дали постои инхерентна вредност на најистакнатата дигитална валута, чија вредност се искачи на близу 50.000 долари по парче оваа година.
На почетокот на ноември, биткоинот достигна рекордно високо ниво од 67.000 долари, но вредноста драстично се намали откако за првпат се појави веста за новата варијанта на коронавирус, омикрон.
Биткоинот се стабилизираше дури минатата недела.
Заменик-гувернерот сер Џон Канлиф рече дека Банката мора да биде подготвена за ризиците поврзани со порастот на криптовалутите по нејзиниот брз пораст на популарноста.
– Цените може да варираат доста, а биткоинот теоретски или во пракса може да падне на нула, изјави Канлиф за Би-Би-Си.
Пазарната капитализација на криптовалутите се зголеми десеткратно од почетокот на 2020 година на околу 2,5 милијарди долари, што претставува околу 1 процент од глобалните финансиски средства. Околу 0,1 отсто од богатството на британските домаќинства е во биткоин и слични криптовалути, како што се етериум и бинанс коин. Дури 2,3 милиони луѓе поседуваат некоја криптовалута, во просек по околу 330 фунти секој од нив.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
