Македонија
22. December 2021 - 12:20

Центарот за обука во Битола секојдневно обучува пожарникари

Во оваа тренажна соба таканаречен кафез се одвиваат обуките за пожарникарите за нивно движење во тесни и затемнети простории, совладување препреки, а се проверува и клаустрофобичноста на пожарникарите. Согласно искуствата на Центарот за обука за заштита од пожари Пегаз Еду, каде се наоѓа оваа тренажна соба, клаустрофобичноста е доста присутна.

-Согласно нашето искуство, овој феномен на клаустрофобичност е кај 60-70%, ова е во вежба, а може да замислиме во вистинска ситиација. Оваа тренажна соба во поширокиот дел на Балканот ја нема, а нашето искуство го добивме од стручни лица од Франција, Шведска и Велика Британија, рече Костадин Поповски, Центар за обука за заштита од пожари „Пегаз - ЕДУ“ - Битола.

Од своето формирање до денес, Пегаз има обучено околу 150 пожарникари, што е една петтина од вкупниот број пожарникари во цела држава. Во пресрет на десетгодишнината од постоењето, потпишаа меморандум за соработка со Службата за заштита и спасување од Подгорица. Командантот на Службата и претседател на Сојузот на пожарникари од Црна Гора, рече дека во наредниот период ќе организираат заедничка обука во која ќе се искористат знаењата и искуствата на Пегаз.

-Како служба и сојуз, го препознавме овoј центар како еден од најдобрите центри во регионот кој навистина како во стручна, но и во професионална смисла  може да одговори на сите наши барања“, рече Горан Јанковиќ, командант на службата за заштита и спасување од Подгорица и претседател на Сојузот на пожарникари од Црна Гора.

Од Пегаз се надеваат дека непрепознавањето на овој центар од страна на македонските државни институции ќе ги премине сите премрежја и ќе продолжат да работат за она што се формирани.