Центар Жупа се збратими со турската општина Алтунова
Општина Центар Жупа денеска потпиша мемодрандум за соработка со општина Алтунова од Република Турција. Потписи на документот ставија градоначалниците Аријан Ибраим и Метин Орал на свеченост во општина Центар Жупа.
Алтунова е една од 14-те општини од градот Јалова и се наоѓа на труското крабрежје. На потпишувањето беше посочено дека со збратимувањето ќе се продлабочи соработката во сите области, меѓу кои во културата и образованието, но и ќе се овозможи отворање поовеќе бизниси.
- Збратимувањето на општините од Македонија и од Турција го потврдуваат пријателството и одличните односи меѓу двете земји, кои од ден на ден се повеќе се унапоредуваат. Турскиот и македонскиот се два пријатлески народа и ние секогаш сме подготвени да помогнеме. Покрај другото, во општина Центар Жупа ќе инвестираме и во областа на бизнисот, рече Мелтин, градоначалникот на Алтунова.
Арјан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа, истакна дека Република Турција и е голем пријател на Република Македонија.
- Со ова збратимување врските ќе бидат многу поцврсти. Треба да се каже дека ова е последователно збратимување на општина Центар Жупа, бидејќи досега збратимени сме со повеќе општини, додаде Ибраим.
Меѓу општините во Турција со кои е збратимена Центар Жупа се Измит, Текерда, Бајрам Паша. Досега тие донирле амбулантно возило, возило за подигање смет, паркови за деца, како и инвестиции за подобрување на условите за живот на жителите од оваа општина.
Во Турција живеат неколку илјади иселеници од општината Центар Жупа и нивните потомци. Дел од нив се познати бизнисмени и носители на раководни и политички функции.
Ново на Сител
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани