Центар за јавно здравје Тетово: Можно е да се повтори промената на мирис и вкус кај водата за пиење
Од Центарот за јавно здравје во Тетово предупредуваат дека во октомври и во ноември можно е водата за пиење да има промена на мирисот и вкусот, како изминатите две години. Ги советуваат граѓаните дека нема место за страв бидејќи изминатите години се утврдило оти нема нарушување на параметрите за безбедна вода.
– Промената на мирисот и вкусот може да се повтори поради паѓање на вегетацијата, односно лисјата во водата што се користи од реките Пена и Лешница во новиот водоснабдителен систем. Апелирам да не се крева премногу страв и да не се обрнува премногу внимание затоа што ние внимаваме на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Лани и предминатата година имаше многу јавувања за промена на мирисот и на вкусот и за среќа нашите испитувања покажаа дека сите останатите параметри се во рамки на дозволените граници и дека водата одговара на параметрите дека е безбедна за пиење, изјави специјалистот по здравствена екологија д-р Ратко Давидовски.
До оваа појава дојде во септември 2017 година кога почна да функционира новиот водоснабдителен систем со искористување на водата од реките на Шар Планина.
– Во овој период од годината поради намалување на штедроста на изворите на Шар Планина е вклучена и Пена и Лешничка река како и филтер станицата каде се кондиционираат овие параметри кои што треба да бидат во рамките на нормалните вредности, рече Давидовски.
Доколку водата со променетиот мирис и вкус не е прифатлива за луѓето за пиење, Давидовски вели да не се користи.
– Се работи за субјективно чувство. Водата ја контролираме и мината и предминатата година беше безбедна за пиење. Кому му е смета мирисот и вкусот нека не ја пие, а останатите можат да ја пијат се додека ние не ја забраниме, потенцира Давидовски.
Од Центарот напоменуваат дека секојдневно се следи квалитетот на водата и по потреба службите реагираат. Новиот водоснабдителен систем од 2017 година донесе дополнителни количини вода, како трајно решение за деценискиот проблем со недостиг на водата за пиење во градот.
Ново на Сител
-
Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег
-
Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-
На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
-
Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“