Центар за даунов синдром: Да се формираат групи за сервиси за поддршка на овие лица

Да се формираат групи кои ќе понудат и медицински и психолошки сервиси за поддршка на лицата со даунов синдром, бараат од Центарот за даунов синдром.
- Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром, рече претседателот и основач на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон на прес-конференција по повод 21 Март, Светскиот ден на даунов синдром.
Осврнувајќи се на презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“, таа посочи дека попладне во Кинотеката на Македонија во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе има и балетски перформанс на кој ќе настапат деца со даунов синдром кои работеле со своите балетски педагози.
Патронот на лицата со Даунов синдром, актерката Искра Ветерова рече дека лицата со даунов синдром се родени глумци, бидејќи тие не знаат да лажат на сцена и секогаш имаат неверојатна спонтаност и емоција.
- Овие деца можат се што можеме ние. Тие не се со посебни потреби, тие се едноставно поинакви. Но, кога ги запознаваме веќе не го забележуваме тоа. Тоа истото би се случувало кога тие би биле вклучени во основното, средното и високото образование. Тие можат да постигнат се. Системот мора да им ги отвори вратите за да можат тоа да го постигнат, додаде Ветерова и упати апел да се отворат школи во кои ќе има логопед, односно некој кој ќе работи со овие деца кога има потреба.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
