Бизнис
6. јуни 2022 - 21:18

Цените растат, има ли механизам за намалување на ценовниот шок?

Владата мора да најде начин да се справи со последиците од енормниот раст на цените и не смее долго да се чека на нови антиинфлаторни мерки, сметаат експертите. Според поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во услови кога цените на пазарот се формираат според понудата и побарувачката, нема начин да се казнат компаниите ниту, пак, да се заштити пазарот од вештачки раст на цените.

Хајредини очекува дека во наредниот период инфлацијата ќе се стабилизира но, цените на енергенсите, според него, нема никогаш да се вратат на ниво како од пред кризата.

Инаку, во периодот од скоро пет месеци, колку што беа во сила различни антиинфлаторни мерки, Државниот пазарен инспекторат извршил околу 1.500 вонредни контроли на терен. При тоа, констатирани биле околу 150 прекршоци, односно непочитување на антикризните мерки. Висината на казните зависи од големината на субјектот, па најниската изречена казна била 80 евра, а највисоката надминува 15.000 евра.