Бизнис
13. јуни 2024 - 14:26

Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од вечерва на полноќ се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). 

РКЕ, информира дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335%

Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  80,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС - 98                             82,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            71,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 43,639 (денари/килограм)

Од РКЕ, напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2024 година и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.